Во Барселона наскоро ќе има претседателски избори, еден од кандидатите за наследник на на Бартомеу  е Виктор Фонт, мултимилионер кој вети  враќање на Пеп Гвардиола и секако дека Меси ќе остане во клубот.

„Мојата цел и визија е јасна,  Лео Меси ќе продолжи да игра за Барса а ќе го вратам и Пеп Гвардиола.. Многу легенди незаслужено се надвор од клубот, моја цел ќе биде дел од нив да се вратат  и да добијат функции. Тука говорам за Чави, Иниеста, Пујол и многу други“ – порача Фонт.