Голманот на Шалке, Александер Нубел, на крајот на сезоната ќе ја смени средината.

Младиот, 23-годишен, голман откажа да го продолжи договорот, што му истекува во лето 2020 година, и го информираше раководството на клубот дека ќе замине на крајот на сезоната.

Постои информација дека тој треба да премине во Баерн, како замена за Мануел Нојер, но исто така за него се заинтересирани и Борусија и Лајпциг.

Оваа сезона тој настапи на 15 средби во Бундеслигата и прими 18 гола.