Предводени од Виктор Ивановиќ и од Филип Ивановиќ заедно со повеќе гостински тренери од Србија и од Бугарија од 24 јуни до 29 јуни во Банско, Бугарија ќе се одржи „Голмански летен камп“ во организација на „Голманската академија Ивановиќ“.

„Посебно задоволство ни претставува да ве поканиме на првиот специјализиран голмански камп во организација на Академија Ивановиќ ,каде ќе имате прилика да ги усовршите голманските техники преку интензивни тренинзи,да запознаете професионалци и ентузијасти од оваа област и воедно можност да освоите една од многуте вредни награди.“ соопштија од Голманската академија Ивановиќ.

Сите заинтересирани може да се пријават преку следниот Фејсјбук профил.