Стефан Спировски постигна гол во 11 минута и му доенсе победа на Хапоел Тел Авив против Хапоел Ранана со 2-1 во продолжението од средбата.

Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1, Спировски погоди во продолжението и донесе победа на својот тим кој обезбеди пласман во полуфиналето.

Спировски во игра влезе од клупата и постигна гол за полуфинале, за него ова е шести гол сезонава во дресот на Хапоел Тел Авив.