Капитенот на Македонија, Горан Пандев тврди дека отсуството на Адеми и на Барди кои поради повреда го пропуштија натпреварот е една од главните

Покрај се, не треба да се губи надеж, фудбалот е таков, коментираше Пандев во микс зоната на Националниот стадион во Варшава.

„Одигравме еден борбен натпревар но тоа не беше доволно за да освоиме ниту бод. Знаевме дека Полска е квалитетен противник но ние бевме хендикепирани. Знаевме дека ни отсуствуваат ни главни играчи во средниот ред. Кога ќе ја загубиш битката во средината од теренот, после тоа е многу тешко да се победи. Мислам дека одигравме коректно сите и дека го дадовме максимумот но тоа на крајот не беше доволно за да изгубиме. Фудбалот е таков и продолжуваме понатаму.“ – изјави Горан Пандев.