Управата на Џенова наскоро ќе му врачи отказ на Давиде Балардини, откако постигнала договор со легендарниот Андриј Шевченко, пренесуваат медиумите од Италија.

Џенова која се наоѓа во резултатска криза во оваа сезона и ја очекува тешка битка за опстанок во Серија А, успеала да се договори со Шевченко за двегодишна соработка.

Украинскиот тренер беше дел од златните времиња на Милан, како играч од 1999 до 2006 година по што следуваше трансферот во Челси.

Шевченко се очекува да дебитира на клупата на Џенова за дуелот со Рома по репрезентативната пауза.