Последното тестирање за Ковид-19 во Џенова потврди 14 позитивни, но меѓу нив не е Горан Пандев.

Капитенот на Македонија ќе биде во конкуренција за настап за дуелот со Косово во Скопје на 8 октомври. Останува неизвесен настапот на Елиф Елмас кој се уште чека на резултатите во Наполи.

Горан Пандев како и сите останати во Џенова се во изолација, извесно е дека дуелот со Торино закажан за викендов ќе биде одложен.

Нејаснотии има околу пресметката на Јувентус и Наполи и ситуацијата во клубот каде што е Елиф Елмас.

Повеќе информации медиумите од Италија најавија за вечерва, евентуално за утре.