Горан Пандев играше само 13 минути за Џенова против Болоња, ја напушти средбата поради повреда но за среќа не станува збор за нешто сериозно.

Последните информации од Италија велат дека Пандев по ударот во фибулата денеска оди на магнетна резонанца, но се очекува за два до три дена да биде во полн тренажен процес.

Ова се добри всти и селекторот Игор Ангеловски пред дуелот со Косово во март во Скопје, полуфинале во Лигата на Нации.