Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ќе го продолжи договорот со Џенова на уште една година. Ова го тврди италијанскиот новинар Џанлика Ди Марцио.

Според последните информации од Апенините, Пандев се согласил на условите за продолжување на соработката и наскоро ова ќе биде и официјално потврдено.

Горан Пандев е во Џенова од 2015 година, во оваа сезона запиша 28 натпревари и постигна четири гола.