Македонската репрезентација до 17 години на 5. октомври заминува за Полска на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза за Европско првенство.

Нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Полска, Белгија и Лихтенштајн. Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Горан Станковски за трите натпревари преку кои Македонија до 17 години ќе бара место во Елитна фаза квалификации за ЕП ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Стефан Митрев (Арау, Швајцарија), Душан Герасимовски (Работнички), Лука Стојковски (Вардар);

Одбрана: Љавдрим Ибраими (Работнички), Резарт Коколари (Аѕури, Швајцарија), Борче Гогов (Академија Пандев), Филип Ѓорговски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија);

Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Албин Лимани (Солотурн, Швајцарија), Дарко Стојановски (Академија Пандев), Христијан Георгиевски (Работнички), Мартин Талаков (Академија Пандев), Андреј Стојчевски (Вардар);

Напад: Бехар Фета (Фортуна), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска), Албин Таипи (Ренова), Емир Саитовски (Домжале, Словенија), Елези Дашмир (Шкендија), Љупче Кудев (Брегалница);