Фудбалерот на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид Герет Бејл е пред потпис со кинескиот Џиангсу Сунинг, пренесува шпанската “Марка”

Како што пренесува весникот, останува само уште двата тима да се договорот околу деталите. Велшанинот ќе потпише тригодишен договор со кој за една сезона ќе заработува 22 милиони евра. Со договорот Бејл ќе стане најскапо платен фудбалер во светот.

Бејл во Реал Мадрид пристигна во 2013 година од редовите на Тотенхем за сума од 100 милиони евра, што во тој момент беше најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Од Реал Мадрид заминува поради лошите односи кој ги има со тренерот Зинедин Зидан кој јавно изјави дека нема место за Бејл во кралскиот клуб.