Договорот меѓу Барселона е Интер е постигнат, Лаутаро Мартинез е веќе член на Барселона, прашање на време е кога тоа ќе се објави, тврди претседателот на Расинг Клуб, Карлос Пабло.

Според Пабло, Интер и Барселона се договриле, се преговара за деталите и играчите кои ќе дојдат во Милано.

Рсинг Клуб е матичниот клуб на Мартинез, ќе добие сериозна сума од Барселона како дел од договор на клубот од Аргентина со Интер.

„Ќе ви звучи неверојатно но ова за нас е невообичаена и чудна ситуација, ќе добиеме многу пари од трансферот на Мартинез во Барселона“ – изјави Пабло.

Според договорот на Интер и Расинг Клуб, секој следен трансфер на Мартинез од Италија во некој друг клуб, значи дека клубот од Аргентина ќе заработи 20% од вкупната сума, ако се земе в предвид дека откупната клаузула е 111 милиони евра, јасно е зошто Пабло е толку радосен.