Според пишувањето на La Gazzettа dello Sport, Звонимир Бобан доби писмо со кое е информиран дека повеќе не работи во Милан. Наводно се чека и официјално соопштение од клубот.

Тоа е епилог од „војната“ во Милан која почна со обвинувањата на Бобан на адреса на сопствениците, фондацијата Елиот и на генералниот директор Иван Газидис, заврши со очекувата победа на газдите на клубот.

Во писмото наводно пишува дека отказот е последица на неговите коментари во јавноста, со кои е нарушен угледот на клубот.

Се очекува дека наскоро истата судбина го чека и Паоло Малдини. На крајот на сезоната, Милан ќе расчистува и со дел од фудбалерите, меѓу кои и со Донарума и Ибрахимовиќ.