Италијанскиот „Кориере Дело Спорт“  обраќањето на Синиша Михајловиќ од болничката соба го нарече „Говорот на Кралот“ .

Србинот им се обрати на новинарите од  болничката соба каде е на лекување од леукемија. Михајловиќ зборуваше за победата над Болоња но и претстојниот меч со Рома.

„Првото полувреме со Бреша не смее да се повтори, натпреварот со Рома ќе покаже на кое ниво е Болоња и дали сме подготвени за висок пласман сезонава“ – изјави меѓу другото Михајловиќ.

Рома и гостува на Болоња  во недела од 15 часот .