Скопјани наскоро ќе може да поднеат барање за субвеционирање за купување на нов велосипед или електричен тротинет, потврдија од Град Скопје.

Според правилата, ќе важат сите фискални сметки за велосипед или електричен тротинет од 1 јануари 2021 година па навака и оваа година јавниот повик ќе биде спорведен по принципот „прв дојден-прв услужен“.

„Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за оваа намена се предвидени 8,5 милиони денари, со што и годинава ќе се доделат субвенции за околу 2.800 велосипеди. Во 2018, 2019 и во 2020 година, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.“ – велат од Град Скопје.