Вистинска бура предизвика газдата на Јувентус, Андреа Ањели, кој на јавен форум запраша дали Аталанта, клуб без историја и традиција, со само една добра сезона треба да биде во Лигата на шампионите.

Покрај многуте, експресно реагираше и градоначалникот на Бергамо, Џорџио Гори, кој му возврати на Ањели.

Го почитувам Андреа Ањели, но не се согласувам со неговите зборови. Меѓу славата и богатството, јас го бирам резултатот постигнат на терен. Аталанта со својата пот го заработи местото во европските натпреварувања. Тоа го добиваат дури и клубовите од малите провинцијални градови, затоа што таков е спортот“, напиша Гори на својот твитер профил

Во минатата сезона Аталанта заврши на третото место во Серија „А“ и стигна до финалето на Купот на Италија. Оваа сезона засега е на четвртото место.

На првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Аталанта извојува убедлива победа против Валенсија, со 4:1.