Манчестер Јунајтед го дочекува Манчестер Сити во дербито на 11 коло во Премиер лигата. И двата тима не се во најпосакуваната форма, иако екипата на Гвардиола барем во Премиер лигата има подобар скор во досегашниот тек од сезоната од три бода.

Солскјер за денешниот дуел не може да смета на суспендираниот Погба и повредениот Варан додека кај гостите во тимот на Гвардиола ќе недосстигаат Делап, Лапорт, Менди и Торес.

На последните пет меѓусебни пресметки, Јунајтед има три победи, Сити една а еден меч заврши со победа на „Граѓаните“.

Роналдо се покажа како клучен во одржувањето на работата на Солскјер на „Олд Трафорд“ но ќе успее ли и денеска да го спаси норвежанецот од пораз, ќе дознаеме по дербито закажано за 13:30.

Standings provided by SofaScore LiveScore