Трансферот во Баерн Минхен на Лерој Сане пропаднал поради повредата со која се соочува крилниот напаѓач на Манчестер Сити.

Во официјалното соопштение на „Граѓаните“ пишува дека Сане ќе мора да оди на операција откако ги скинал лигаментите на коленото на дуелот со Ливерпул минатиот викенд.

Ова значи дека Сане го очекува долг лпроцес на рехабилитација поради кој сигурно нема да игра фудбал до крајот на оваа година.