Во очекување на одлуката по однос на жалбата на Манчестер Сити за казната од две години надвор од натпреварувањата на УЕФА и глоба од 30 милиони евра, актуелниот првак на Англија со соопштение потврди дека нема намера да се предаде и го искористи примерот со ПСЖ за селективната работа на УЕФА.

„Го следиме процесот и чекаме правдата да биде брза и реална. Ќе очекуваме сличен резултат како и оној по истрагата над работата на ПСЖ. Ако УЕФА не го разгледа тој случај во кој ПСЖ со помош на спонзорите ги надмина во неколку наврати рамките на финансискиот фер плеј ќе одиме до крај и нема да се предадеме за да докажеме дека наводите не се точни или поконкретно, правдата е селективна.“ – стои во дел од објавата на Манчестер Сити.

Во меѓувреме, островските медиуми тврдат дека поради казната и прекршувањето на правилникот (ако ова биде докажано), Манчестер Сити може да ја загуби титулата од Премиер лигата во 2014 година и таа да му припадне на Ливепрул.