Претседателот на Италијанската Фудбалска Федерација, Габриеле Гравина се надева дека ситуацијата со Ковид-19 ќе се смири и тоа ќе дозволи навивачите сепак да добијат шанса во живо на трибините да ги следат натпреварите од Серија А.

„Навивачи на трибините? Мојата најголема желба е барем мал број на фанови да има на трибините, да можат да ги гледаат завршните натпревари од оваа сезона во Серија А. Во моменотв изгледа нереално да очекуваме полни трибини со по 60 000 фанови, но минималното присуство не е невозможно.“ – изјави Гравина.

Тој смета дека за почеток трибините ќе бидат празни но верува оти работите може да се променат наскоро.