Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина изјави дека актулниот шампионат во калчо лигата ќе се доигра, ако треба и во месеците јули и август.

Гравина потенцираше дека во моментов е тешко да предвиди како ќе се развива ситуацијата со Ковид-19, сепак потенцираше дека објективно е сезоната да заврши со доигрување на првенството. не на административен начин.

„Ќе направиме се да ја убедиме УЕФА да ни дозволи да играме и во јули и август ако е тоа потребно, во моментов не смееме да решаваме по желибите на поединците, потребни ни се 45-60 дена за да се доигра актуелното првенство и тие денови ќе мора да ги обезбедиме во календарот, секако се зависи од ситуацијата со Ковид-19“ – изјави Гравина.