Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш наскоро треба да потпише повеќегодишен договор со Англискиот  шампион Манчестер Сити.

Клубот од Бирмингем ќе заработи 100 милиони фунти за заминување на најдобриот играч, што е најголема сума на сите времиња на Островот.

Поради трансферот меѓу „граѓаните“, Грилиш  нагло го прекина одморот во Хрватска, каде што беше во Дубровник, со цел да се врати во Англија за да ги заврши формалностите.

Зад одличниот креативец стои одлична сезона во Премиер лигата, тој постигна шест гола и запиша 10 асистенции.