Антоан Гризман го делат часови од потпис со Барселона, ова откако неговите адвокати пристигнаа во седиштето на Ла Лига да ја активираат откупната клаузула од 120 милиони евра.

Шпанскиот „АС“ тврди дека Гризман ќе потпише договор со важност на пет години, неговите адвокати ќе ги уплатат 120. милиони евра и тој ќе може да стави потпис за Барселона.

Сагата на Гризман трае две години, се чини доаѓа кон својот крај, Французинот ќе остане во Шпанија но ќе игра со Меси во Барселона.