Антоан Гризман беше стрелец на два гола во победата на Барселона над Бетис со 5:2, а неговиот втор гол беше особено спектакуларен.

Тој вели дека по поразот од Атлетико во првото коло морале напорно да работат. Гризман вели дека кога во екипата недостасуваат важни играчи, останатите мора да ја искористат можноста.

На вчерашниот натпревар покрај Меси, на теренот не беше ниту Луис Суарез. Вториот гол на Гризман потсетува на играта на Меси.

„Го гледам Меси како дава голови на тренинзите и секако дека гледам да го копирам.“ – вели Гризман.