Гризман во Барселона пристигнал за да ја подобри својата игра и да научи нов начин на пристап во фудалот а не само за да освојува трофеи.

„Сега сум во процес на учење и разбирање на тоа како моите соиграчи играат фудбал, ова е ново за мене. Сеуште се трудам да ја прочитам играта и да го следам движењето на топката. На моменти ми недостига самодоверба за да додадам или да шутнам на гол но сигурен сум дека тоа наскоро ќе се промени.“ – изјави Гризман.

Тој додаде дека е срамежлив и поради тоа на моменти изгледа како да нема соработка со Меси и останатите.