Диего Симеоне ќе има сериозни проблеми на почетокот од подготовките за новата сезона. Антоан Гризман ја известил управата на Атлетико Мадрид дека нема намера да се појави на првиот тренинг.

Оваа одлука на напаѓачот е поради прекинот на преговорите со Барселона за негов трансфер на „Камп Ноу“. Гризман инсистирал да биде продаден но наместо тоа од Атлетико Мадрид решиле да ги прекинат преговорите со образложение дека Барселона не го почитува моменталниот клуб на репрезенативецот на Франција.

Трансфер сагата продолжува со најава дека од Барселона наскоро ќе испратат нова подобрена понуда со која се надеваат дека ќе го убедат Атлетико да му дозволи на Гризман да си замине.