Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се согласил на пет годишен договор со Барселона вреден 85 милиони евра, јавува весникот „Екип“.

Официјално, Гризман на Камп Ноу ќе премине во јули кога клаузата од договорот со Атлетико ќе падне од 200 на 120 милиони евра.

Во Барса ќе заработува 17 милиони евра годишно, што е 6 милиони помалку од Атлетико, но ќе му биде исполнета големата желба да игра во конкурентен тим.

Во сите натпреварувања минатата сезона тој постигна 21 гол.