Антоан Гриезман во моментов се обидува да се пласира во осминафиналето со репрезентацијата на Франција на Европскиот шампионат. Тој е фокусиран на таа цел, но подготвен е да зборува и за својата клупска кариера, па во еден разговор призна каде може да оди кога ќе му истече договорот со Барселона.

Гризман има договор со каталонскиот клуб на уште три години, а потоа ќе биде подготвен да го напушти европскиот фудбал и да проба нова авантура.

” Имам договор со Барселона до летото 2024 година. Тогаш ќе биде вистинското време да одам во САД. Ми се допаѓа таа земја, културата таму, ја сакам НБА лигата, а исто така ме привлекува желбата да откривам нови работи. Би сакал да ја завршам кариерата таму “, рече Гризман.

Францускиот напаѓач  објасни дека не гледа во МЛС како некаква форма на пензија , но дека сака да замине таму со цел да ја освои шампионската титула и да остави трага во натпреварувањето.

Гризман потпиша за Барселона во 2019 година и одигра 99 натпревари за каталонскиот клуб со учинок од 35 голови и 16 асистенции. Кога ќе му истече договорот, тој ќе има 33 години.