Најголемото засилување на Барселона за ова лето Антоан Гризман вели дека потребно му е повеќе време и напревари за да функционираат како што треба во нападот на каталонците со Меси и Суарез. Овие тројца годинава не настапија на ниеден меч заедно поради повредите на Меси и Суарез.

„Јас сум во клубот само два месеца. Сè уште се навикнувам на играта во Барселона, на улогата и движењата на моите соиграчи. Прилагодување на играта со Суарез, Меси и Дембеле. И тие се навикнаа да играат со мене. Но, гледам дека заедно се движиме во вистинската насока како тим“ – изјави Гризман за „Ел Мондо Депортиво“.

Барселона синоќа ремизираше без голови на тешкото гостување кај Борусија Дортмунд, а Гризман и Суарез го одиграа целиот натпревар.