Антоан Гризман јавно призна дека почетокот во Барселона за него не бил според планираното а воедно и дека уште на стартот морал да се правда пред Меси.

Гризман се уште се бори со приматот првотимец, но со доаѓањето на Куман репрезентативецот на Франција добива се поголема шанса да се докаже пред навивачите пред се`.

„Кога пристигнав во Барселона, Меси ми кажа дека кога јас ја одбив претходната понуда да дојдам во Барса, тој ми кажа дека сум го заебал, затоа што морал потоа јавно да бара трансферот да бид реализиран. Но, потоа ми кажа дека е со мене и тоа го гледам секој дена. Не беше лесно да се адаптирам во Барселона. Почетокот беше тежок и ми беше потребно време.“ – изјави Гризман.