Франција не ја оправда улогата на фаворит против Унгарија (1: 1), па по победата над Германците следуваше разочарување на стартот.

„Триколорите“ загубија на „Рифле Арената“, бод што им го донесе Антоан Гризман.

“Не се снајдовме добро на сувиот терен, големата топлина и борбениот противник. Имавме доволно шанси да поведеме, а потоа примивме гол. Тоа беше строга казна за нас”, рече Гризман и додаде:

“Исто така страдавме на Светското првенство за време на групната фаза, овој турнир ме потсетува на тоа. Сепак, оваа група не е лесна и ќе мора добро да се одмориме за мечот со Португалија. Секако, остануваме оптимисти, свесни сме за нашата сила, но мора да го покажеме тоа  на теренот “, истакна Гризман.

Францускиот тренер Дидие Дешамп изрази почит кон ривалот:

„Секоја чест за Унгарците ги дадоа своите животи за овој натпревар“.