Гром повреди 15 фудбалери во Баден Витенберг вчера попладне, јавуваат медиумите од Германија. Повредените веднаш биле пренесени во болница.

Несреќата се случила за време на тренинг на аматерски клуб во овој дел од Германија кој бил зафатен од силно невреме, пишува „Блиц“.

Еден од фудбалерите кратко време бил во бесознание, сите биле пренесени во локална болница, извести полицијата која потврди дека немало игарчи со сериозни повреди.