Работнички ќе ја пречека Академија Пандев во дербито на коло од 4 коло од ПМФЛ. ФФМ денеска ги делегираше судиите кои ќе бидат дел од оваа рунда во нашето најсилно фудбалско првенство.

Дербито на нашиот најголем стадион ќе го води Александар Грујоски а ќе му помагаат Лика Шутрим и Зоран Јанкуловски.На дуелот во Тетово меѓу Ренова и Вардар правдата ќе ја дели Марјан Ецкоски.

Шампионот Шкендија ќе гостува кај повратникот во ПМФЛ, Борец. Натпреварот кој ќе се игра на Градскиот Стадион во Велес ќе суди Алеkсандар Ставрев.

Крумисла Ѓорѓиев е делегиран за пресметката во Кратово меѓу Македонија ЃП и Силекс. Петар Мантов ќе биде главен судија на мечот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи.