Поранешниот младинец на Вардар а потоа првотимец на Беласица, Бесар Гуџуфи верува дека одлуката да ја прифати понудата за трансфер во турски Бешкиташ е правилна и ќе му донесе развој во неговата фудбалска кариера.

„Многу сум среќен што дојдов во најквалитетниот тим во Турција. Од денеска ќе имам само една цел. Ќе се обидам да бидам се подобар и подобар од натпревар во натпревари и верувам дека ќе постигнеме добри резултати заедно.“ – посочи Гуџуфи.

Гуџуфи со Бешикташ потпиша петгодишен договор со неделна плата од 8000 евра, Беласица од трансферот заработи 480 000 евра.