Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган сезонава има големи очекувања со овој клуб во Лигата на шампиони, а тој веќе во својата кариера има еден пораз во финалињата од шампионската лига, оној од Баерн Минхен кога Германецот настапуваше за Борусија Дортмунд.

„Не верувам дека ќе биде единственото финале оваа година за мене ако стигнеме до таму, но како и да е целта е да стигнеме до титулата. Моја желба е еден ден да ја освојам Лигата на шампиони. Убеден сум дека имаме квалитет за такво нешто, а ако не успееме ќе чуствуаме празнина во текот на понатамошните животи“– изјави Гундоган.

Финалето од Лигата на шампиони ќе се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, а прва пречка за „граѓаните“ е најголемиот клуб на светот Реал Мадрид.