Бранителот на титулата во Премиер лигата, Манчестер Сити по осум кола има негатива од осум бода во однос на лидерот на табелата, Ливерпул.

„Граѓаните“ викендов загубија од Вулверхемптон по што беше вклучен алармот во соблекувалната на Гвардиола, ова го потврди Икај Гундоган.

„Мора да ја решиме ситуацијата во која се наоѓаме. Пропуштивме неколку бодови и не е лесно кога гледаш дека најголемиот ривал победува цело време. Не играме како што се очекува и факт е дека мора да бидеме многу подобри.“ – изјави Гундоган.

Во следното коло, Манчестер Сити ќе му гостува на Кристал Палас додека Ливерпул ќе се соочи со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.