Баерн Минхен сака да купи Лерој Сане уште во зимскиот преоден рок, идеја која не му се допаѓаше на Пеп Гвардиола до пред некоја недела.

Германските медиуми ги потврдија најавите на островските дека менаџерот на Манчестер Сити сега размислува поинаку во однос на трансферот на Сане во Минехн.

Цената од 100 милиони евра може да биде спуштена но на „Етихад“ да пристигне Коман. Ова е последното решение кое го одобрува Гвардиола кој се поврзува и со работа во Баерн.

Сане беше пред трансфер во Минехн во летниот преодено рок но поради повреда целата операција беше прекината.