Манчестер Сити ја продолжи победничката серија во Премиер лигата откако славеше кај Астон Вила со 2:0 во заостанатиот натпревар од 1 коло во Премиер лигата.

Силва и Гундоган му донесоа 11 овосезонско славје на тимот на Гвардиола кој е на второто место на табелата со два бода помалку од лидерот Јунајтед но и со натпревар помалку.

„Мислам дека ова беа уште едни одлични перформанси од моите фудбалери против одличен тим. Тие беа опасни, погледнете ги нивните резултати сезонава. Добро е што победивме шест натпревари по ред, но ова е само првиот дел од сезоната, има уште многу натпревари до крајот иако морам да признаам дека во моментов чувството кај нас е одлично.“ – изјави Гвардиола.

Во следното коло од Премиер лигата Манчестер Сити ќе му гостува на ВБА.