Пеп Гвардиола во досегашната кариера како тренер има потрошено неверојатни 1 милијарда и 207 милиони евра на засилување на екипите кои ги водел.

Има донесено 59 засилувања, најскап напаѓач е Ибрахимовиќ (69,5 милиони евра) во Барселона, играч за врска е Родриго (70 милиони евра) додека најскапиот голман на оваа листа е Едерсон во Сити за 40 милиони евра.

Во Манчестер Сити досега на засилувања потроши 762,3 милиони евра, во Барселона потроши 341,5 милиони евра а во Баерн Минхен 204,1 милион евра.