Менаџерот на Манчестер Сити,  Пеп Гвардиола на прашање на новинарите даде интересна изјава за тоа кој фудбалер никогаш не би го продал од составот на „граѓаните“.

Името на тој фудбалер е Фил Фоден кој важи за голема надеж на англискиот фудбал. Тој пристигна на „Етихад“ на деветгодишна возраст, а своето деби го имаше на 17 години.

„Не му понудивме договор само случајно. Тој е единствениот фудбалер кој никогаш нема да го продадеме, нема понуда што ќе го тргне од нас. Ние не би го продале ниту 500 милиони евра. Фил нема да оди никаде. Фил е Сити. Ние нема да носиме играчи на негова позиција. Тој е новиот  Давид Силва во нашиот тим.“ – истакна Гвардиола.

Гвардиола доста често е на удар на критики токму поради Фолден кој не добива многу шанса за игра. 19-годишниот фудбалер оваа сезона одигра само 10 минути во Премиер лигата, а во Лигата на шампиони го постигна вториот подогок на дуелот со Динамо Загреб, меч на кој „Граѓаните“ славеа со 2-0.