Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прв фаворит за освојување на наградата, менаџер-тренер на годината во Премиер лигата.

Втор на оваа листа е предводникот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, а трет Брендан Роџерс од Лестер.

Во потесниот список се најде и Дејвид Мојс од Вест Хем, како и Марсело Биелса од Лидс.

Извесно е дека Гвардила ќе ја добие наградата, но се чека на официјална потврда.