Пеп Гвардиола  одреден период е во центарот на англиската јавност, околу продолжувањето на договорот со Манчестер Сити, а на Шпанецот стариот му истекува во 2021 година.

Шпанскиот стратег повторно беше запрашан дали сака да продолжи да го води Манчестер Сити, на што сега Пеп даде поконкретен одговор.

„Отворен сум за продолжување на соработката, да. Удобно ми е во овој клуб, но се зависи од резултатите. Кога си во некој клуб пет години, тоа зависи од резултатите. Ќе видиме што ќе се случи оваа сезона, а потоа и следната“, -изјави Гвардиола.

Гвардиола во Сити дојде пред три се зони и со „Граѓаните“ освои речи се, освен титулата во Лигата на шампиони која се чини е главен императив за англичаните оваа година.