Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го посакува играчот на Манчестер Сити Лерој Сане во своите редови, а и самиот играч изјави дека сака да замине од екипата доколку нема доволна минутажа.

Баварците во меѓувреме пронајдоа начин како да започнат преговори со англискиот шампион.

Во понудата за Сане го вклучија и австрискиот репрезентативец Давид Алаба кој беше од најомилените фудбалери на Пеп Гвардиола додека Шпанецот беше тренер на Баерн Минхен.

Останува во наредните денови двете екипи да се договорат околу реализација на трансферот.