Манчестер Сити го доведе Џек Грилиш за 100 милиони фунти, а менаџерот Пеп Гвардиола го потврди она што беше познато –  го посакува и Хари Кејн.

Капитенот на Тотенхем е заинтересиран да се пресели во Манчестер, но Лондонскиот клуб се прашува.

Тоа го знае и Гвардиола.

“Хари е фантастичен напаѓач и никој не се сомнева во тоа. И, да, ние сме заинтересирани, но тој е играч на Тотенхем”, рече Гвардиола, додавајќи:

“Ако Тотенхем сака да преговара, ние сме тука. Но, ако тие не сакаат, тогаш ние сме немоќни. Ќе ја искористиме шансата ако дојде до нас.”

Сити ја отвора сезоната утре на „Вембли“ против екипата на  Лестер  во Комјунити Шилд.