Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола најави дека младиот и перспективен дефанзивец, Ерик Гарсија ќе ги напушти „Граѓаните“ и во јуни ќе се пресели во Барселона.

„Ерик Гарсија е еден од моите омилени играчи. Би сакал да го имам во составот а на овој натпревар не беше ни на клупата затоа што мислам дека ќе се пресели во Барселона. Тој ми е како син и минатата сезона беше еден од нашите најдобри дефанзивци.“ – изјави Гвардиола по победата над Тотенхем во финалето од Карабао Купот.

Гарсија имаше можност да потпише долгогодишен договор со Манчестер Сити, но неофицијално се одлучил да ја прифати понудата и да се врати во Барселона.