Пеп Гвардиола има најдобар скор во Премиер лигата откако неговиот Манчестер Сити денеска славеше против Вест Хем со 2:0.

Со ова „Граѓаните“ стигнаа до 20 победа во низа во сите натпреварувања,  ова за нив беше 27 натпревар по ред без пораз што е нов рекорд во историјата на клубот.

Гвардиола стигна до 500 победа во кариерата како менаџер, 200 како менаџер на Сити по 273 натпревари на клупата, што е подобар резултат од оној на Мурињо.

„Ова е еден од најголемите успеси во мојата кариера, можеби најголемиот. Сеуште немаме освоено ништо, но да победите на 20 натпревари по ред во сред корона криза е нешто фантастично. Имам чест и задоволство да работам со исклучително квалитетни фудбалери.“ – изјави Гвардиола.