Адвокатскиот тим на Манчестер Сити, утре ќе присуствува на состанокт во Арбитражниот Суд за Спорт по кој ќе биде познато дали „Граѓаните“ и дефинитивно нема да смеат да учествуваат во натпреварувања под знакот на УЕФА во следните две сезони.

Од шампионот на Англија поднесоа втора жалба и побара одложување а потоа и поништување на казната на УЕФА во однос на забраната за настап во ЛШ и во Лигата на Европа на УЕФА.

Според последните најави доколку жалбата на Манчестер Сити биде одбиена од клубот ова лето ќе си заминат: Де Бруин, Жезус, Стерлинг, Марез, Родри, Стоунс и Бернардо Силва.

Сопственикот на Манчестер Сити, кралската фамилија од Абу Даби најави дека ќе ја употреби сета моќ за да докаже дека судот греши.