Манчестер Сити се соочува со огромни проблеми, по изречената казна од страна на Уефа за забрана на настапи во Европските купови наредните две сезони.

УЕФА го казни шампионот на Англија поради кршење на финансискиот фер-плеј и лажирањето на документи за спонзорските договори во периодот од 2012 до 2016.

Оваа вест ги разбранува страстите на „Етихад“ и веднаш почна да се шпекулира дека ерата на Гвардиола завршува и дека Шпанецот ќе ги напушти „граѓаните“, но ваквите натписи ги демантираше Пеп.

„Останувам тука без оглед на се. Дури и да не исфрлат во четвртата лига, јас ќе бидам тука. Ова е време во кое треба да се држиме заедно“- изјави Шпанецот за „Скај Спорт“.

Договорот на Гвардиоа истекува на крајот на сезоната 2020/2021, а Гвардиола и Сити ги очекува пеколно тешка задача во осминафиналето од Лигата на шампиони каде ќе се соочат со 12-кратниот европски шампион Реал Мадрид.