Пеп Гвардиола ги „збуни“ новинарите во Англија со озијавата дека е среќе во Сити, дел од медиумите се обидоа со провокација да го изнервираат менаџерот на „граѓаните“ но добија  неочекуван одговор.

Сити е четврти во Премиерлигата, една од најслабите позиции на екипата по 2017 година, поразот од Ливерпул  со 3-1 не смени ништо, освен разликата на табелата.

„Зошто да не бидам среќен кај Сити, па ние имаме само три порази сезонава, јас сум среќен и задоволен, сакам да останам овде уште долго, сезоната е долга, се е можно“ – изјави Гвардиола на провокативно прашање на новинар на прес конференција.

Сити нема џокер во џебот, иако сите сметаат дека сезоната е готова во Премиерлигата, Гвардиола смета дека не е така.

„Тие што сметаат дека ќе дадам отказ само заради три порази очигледно не ме познаваат доволно, јас сакам предизвици, сега имаме многу мотиви и ќе направиме се да се вратиме на првото место“ – заврши Гвардиола. 

Манчестер Сити вечерва се среќава со Челзи од 18-30 часот.