Екипата на Манчестер Сити има инзворедна сезона зад себе и се наоѓа пред титула во англиската Премиер лига , и е пред пласман во финалето од Лигата на шампионите па тренерот на „ѓраѓаните“ денес искочи со интересна изјава за медиумите.

 

„Можете да освоите нешто важно во една сезона, но за да бидете постојани низ годините има само една тајна – да имате квалитетни играчи. Кога имате ваков тим, мора да се обидете да купите што е можно повеќе добри играчи, и да правите сè што можете да ги чувате долго време. 

Јас сум тренер, секако, но не мислам дека можеме да се развиваме на теренот затоа што немаме време. Единствената причина е квалитетот на играчите што ги имаме, кои можат да разберат што бараме и веднаш да сменат некои идеи затоа што се паметни и добри. Нема други тајни за успех“, вели Шпанецот.

Гвардиола го превзема Сити во 2016 година и до сега успеа да освои девет трофеи.